Бурџ Халифа е облакодер во Дубаи и е највисоката градба изградена од човекот досега. Изградбата на објектот започна на 21 септември 2004, а официјално заврши на 4 јануари 2010. Архитект на кулата е Адријан Смит, кој соработува со компанијата Skidmore, Owings and Merrill од 2006. Оваа инжинерска компанија, со седиште во Чикаго беше вклучена во спроведувањето на проектот. За изградба на кулата како главен градител била ангажирана јужнокорејската компанија Samsung C&T, а компанијата Hyder Consulting за структурното и механичко инженерство. Со висина од 828 метри и вкупно 160 катови, кулата Бурџ Халифа е највисоката градба и највисоката зграда, изградена досега. Кулата е градба со најмногу катови во употреба и највисок кров, а исто така Бурџ Халифа е првата највисока зграда во светот, која се користи како станбена зграда. Кулата наликува на цилиндричен јазол, но всушност не претставува цилиндрична градба. На почетокот од планирањето, се настојувало Бурџ Халифа да биде исклучиво станбена зграда. Изгледот на Бурџ Дубаи потекнува од исламската архитектура. Архитектот Адријан Смит истакнал дека триделниот изглед на градбата бил инспириран од цвеќето Хименокалис. Кулата е составена од три елементи, вградени околу централното јадро. Како што кулата се извишува од основата, страничните косини се појавуваат во облик на спирала, со што се намалува прекршувањето на кулата до небото. Бурџ Халифа има 27 тераси. На врвот, централното јадро изникнува во форма на шилец, а врвот на Бурџ Халифа содржи повеќе од 4.000 тони челик.
Повеќе од 1.000 уметнички предмети ја украсуваат внатрешноста на Бурџ Халифа, додека главниот ходник содржи 196 бронзени и уметнички плочи од месинг. Посетителите на овој простор се во можност да слушнат различни бои на звук, бидејќи плочите се обложени со 18-каратно злато, а звукот се произведува со протек на вода, што создава звук како звукот од вода што тече врз лисје. Надворешноста на Бурџ Халифа се состои од 142.000 m2 стакло и алуминиум. За надворешниот изглед на Бурџ Халифа беа потрошени над 26.000 плочќи стакло, а за сите активности околу надворешниот изглед беа ангажирани над 300 стручни лица од Кина. Бурџ Халифа може да биде посетена од 25.000 посетители во секој момент (вкупно луѓе во кулата). Во кулата се вклучени вкупно 57 лифтови и 8 ескалатори, кои се движат со брзина до 10 m/s. Цената на вклезниците изнесува 100 дирхами.
Бурџ Халифа во споредба со некои други познати високи градби