Островите Палми-Јумеира ајландс, се работи за два острови од по 300 хектари, кои се изградени во Арапскиот залив, во форма на две огромни палми, со елитни населби на нив и меѓу нив. Двата острови палми се викаат Палм Јабел Али и Палм Јумеира и еден од друг се оддалечени 22 километри. За нив се употребени 100 милиони кубни метри песок и камења, а се поврзуваат со плажите на Дубаи, што крајбрежјето го прошируваат за дури 120 километри. Има три типа домување - апартмани, вили и куќи. Вкупно се изградени 2.400 шорлајн апартмани, 2.500 ексклузивни вили, 50 луксузни хотели, две пристаништа, водни паркови, ресторани, трговски центри на вода, спортски терени и игралишта, болници, кина, театри, клубови, автопатишта, паркови, дрвореди, железница и се друго што може да ви падне на памет. На островите палми се изработени најмодерни и најлуксузни градби што некогаш биле направени.