„Светските острови“е вештачки архипелаг на разни мали острови изградени во форма на картата на светот, кој се наоѓа 4 километри во близина на брегот на Дубаи. Светските острови се составени главно од песок во плитките крајбрежни води на Дубаи. Инвеститорот на Светските острови е Nakheel Properties, а проектот првично беше замислен од шеикот Mohammed bin Rashid Al Maktoum, владетелот на Дубаи. Почнувајќи од 2010 година, само еден остров има зграда на него. Сите други проекти биле откажани или одложени поради финансиската криза во 2008 година. Се тврди дека островите тонат назад во морето.