Град со најмодерна архитектура, едни од најпознатите светски градби и неверојатен луксуз – за 40 години од сиромашно место за риболов Дубаи прерасна во светска метропола и туристичка „мека“ и сето ова благодарение на нафтата. Од 1971 година, кога се формирани Обединетите Арапски Емирати, Дубаи и останатите членки на Емиратите почнаа да се развиваат со енормна брзина. Сиромаштијата во пустината брзо се замени со најголемите градежни проекти во историјата, од кои денес пораснаа познатите архитектонски чуда.
Хотелот Burj al Arab денес е симбол на Дубаи. Burj Khalifa е највисока зграда на светот со 828 метри висина. Островите Палми се изградени за да се зголеми копнената површина на Дубаи, и претставуваат простор за луксузно живеење. 2003 година е започнат амбициозниот проект „Светски острови“.
Сето наведено е последица на визионерот – шеикот Rashid bin Saed Al Maktum кој под претпоставка дека нафтата нема да ја има вечно, се одлучил за само неколку децении да го претвори Дубаи во светска метропола, која своите приходи во иднина ќе ги базира на туризмот. И изгледа дека успеа во намерата. Дубаи има навистина бројни атракции како подводни хотели, затворени ски стази во сред пустина, ароматизирани подземни железници, најголемиот шопинг центар на светот, ротирачки згради и што ли уште не!